Свет Топ вести

Гугл и Фејсбук само на вакцинираните вработени ќе им дозволат да се вратат во канцеларија

Интернет гигантите Гугл и Фејсбук најавија дека ќе бараат сите вработени кои работат во нивните канцеларии да бидат вакцинирани против Ковид-19.

Што се однесува на Гугл, обврската ќе стапи во сила следните недели во САД, а потоа ќе опфати и други региони во светот, рече извршниот директор Сундар Пичаи. Тој појасни дека правилото нема да важи во земјите каде што тешко се добиваат вакцини. Исклучоци се предвидени и за луѓе кои не можат да се вакцинираат од медицински причини.

Слично на тоа, Фејсбук ќе бара „секој што ќе дојде во еден од нашите кампуси во САД да биде вакциниран“, изјави Лори Голер, потпретседател на компанијата. Во јуни, социјалната мрежа објави дека вработените кои сакаат да работат со полно работно време од дома можат да аплицираат доколку работата им го дозволува тоа.

Фејсбук планира да ги отвори своите канцеларии со 50 проценти капацитет во септември. Гугл вчера објави дека датумот за официјално враќање во канцелариите е 18 октомври, иако првично се најавуваше 1 септември. Оттогаш, околу 80 проценти од вработените треба да работат физички во канцеларијата на компанијата најмалку три дена во неделата. Околу 20 проценти од вработените ќе продолжат да работат од своите домови

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Малолетен пешак тешко повреден во сообраќајка кај Ласкарци, пренесен на Клички

Дејан Дејан

(Видео) Се скрши прозорец на летот од Солун до Минхен – патник спасен во последен момент

Kristina Kuzmanovski

СДСМ: Трета економија на празни фрижидери – граѓаните не живеат од статистички извештаи, туку од платите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе