Македонија Топ вести

ДКСК го оспори пред Уставен суд Законот за изградба на автопатите без тендер – Владата нема да ја чека одлуката

Тргна од Владата, експресно помина во Собранието, веднаш беше потпишан од претседателот Пендаровски, но денеска заврши на Уставен суд. Антикорупциска го оспори специјалниот Закон за изградба без тендер на автопатите од Коридорите 8 и 10.

Бараат од уставните судии негово поништување и времена мерка – да се стопира примената на законот кој веќе е правосилен.

Антикорупционерите во Законот видоа висок ризик од корупција и судир на интереси, кажаа и дека е противуставен и е правен преседан бидејќи за стратешкиот партнер кој го одбра Владата – конзорциумот „Бехтел и Енка“ нема да важи домашното законодавство.

Рекоа дека има  правни празнини кои оставаат простор за субјективизам, политичко влијание, тргување со моќ и дискреција при формирањето на Комитетот кој треба да преговара со инвеститорот.

Но, Владата нема да чека дали овој закон ќе падне на Уставен. Велат мора да постапуваат по него.

Собранието транспарентно го усвои законот и ја обврзува владата да постапи согласно меморандумот со конзорциумот „Бехтел и Енка“.  Со овој закон не се склучува договор со компанијата, туку се задолжува Владата да започне преговори и да се изнајде најдобриот модел (технички и финансиски) за изградба на овие делници, велат од владата.

Инаку ниту пратениците ниту Претседателот не го послушаа мислењето на антикорупционерите.

Законот експресно го донесе Собранието по скратена постапка, на предлог на група пратеници, а Указот  веднаш го потпиша Пендаровски.

Тој практично е   реализација на Меморандумот на Владата со конзорциумот „Бехтел и Енка“ кој го избраа за стратешки инвеститор за изградба на автопатите Тетово – Гостивар- Букојчани, Требеништа – Струга – Ќафасан  како и Прилеп – Битола.

Александра Филиповска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВМРО-ДПМНЕ и Демократската партија на Турците потпишаа коалициски договор

Tea Dimkovska

Урсула фон дер Лајен ќе го донира пиштолот кој го доби од претседателот Ердоган на Самитот во Анкара

Tea Dimkovska

Тројца приведени од кои двајца доктори, претреси на пет локации во Скопје – се проширува истрагата за ботоксите

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе