Вести Најважни Свет

Приведен возачот на автобусот кој се преврте во Хрватска и загинаа 10 патници

Десет загинати, 23 повредени од кои 15 тешко, се последиците од тешката сообраќајна несреќа која се случи рано утрово во Хрватска, кога автобус со косовски регистарски таблички излетал од автопатот во близина на Словонски Брод. Двокатниот автобус кој возел на релација Франкфурт – Приштина со 67 патници и дваца возачи, од засега се уште непознати причини, во 6 часот и 20 минути утрово излетал од коловозот. Засега нема информации дали меѓу патниците имало и македонски државјани.

Од македонското министерство за надворешни работи за Телма информираат дека се во постојан контакт со официјалните хрватски претставници и македонската амбасада во Загреб.

До овој момент немаме потврда дали меѓу патниците има лица со македонски пасош. Во постојан контакт сме со надлежните таму и ќе ја известиме јавноста штом добиеме некаква информација“, велат од МНР

Амбасадор на Kосово во Хрватсказа хрватските медиуми изјави дека сите аптници биле дека Косовари на печалба во Германија.

Тоа се са наши луѓе кои работат во Германија кои доаѓале на одмор во Косово.  За жал тоа беше и наша автобуска компанија од Ѓаковица, тоа се информациите кои ги имаме, изјави Гзим Касаполи, амбасадор на Косово во Хрватска

Автобусот на косовскиот превозник Дева турс кој излета утрово сообраќал на редовна автобуска линија. Од компанијата, како што пренесуваат медиумите, потврдиле дека се работи за нивен автобус, но без повеќе детали за настраданите.

Хрватските власти соопштија дека е приведен возачот кој возел во моментот на несреќата под сомнение дека непрописно управувал со автобусот.

Возачот е приведен под сомнеж дека управувал со моторното возило така што непрописно се движел, односно не ја користел за движење коловозната лента по што дошло до излетување. Кои се причините за излетувањето, ќе утврди истрагата, изјави Славко Прањиќ, заменик-општински јавен обвинител

– Веќе зедовте негов исказ. Што ви кажа тој?

Тој изјави дека на момент заспал, но се дополнително ќе утврдуваме.

Во болницата во Славонски Брод по несреќата биле примени 42 лица.

Имаме  15 тешко повредени во оваа сообраќајна несреќа, од кои две лица се на интензивна нега… Веќе извршивме три операции, што не исклучува можноста од дополнителни оперативни зафати по темелните испитувања“, изјави Јосип Самарџиќ, директор на болницата во Славонски Брод

Уште двајца повредени се хоспитализирани во  Нова Градишка, а едниот поради тешки повреди на рбетот ќе биде префрлен на трауматологија во Загреб. Меѓу тешка повредените има и едно девојче, од 15 деца колку што имало во автобусот. Меѓу 10 загинатите е и еден од двајцата возачи на автобусот.

Според неофицијалните информации кои ги објавија хрватските медиуми автобусот направил 30 минутна пауза во Брегана, веднаш по влезот во Хрватска, а возачите на втобусот се смениле на возачкото место во Загреб.

Сочуство до настраданите утрово изразија и хрватските премиер и претседател, Андера Пленковиќ  и Зоран Милановиќ, а изрази на сочуство стигнаа и од косовскиот премиер, Албин Курти, како и од претседателкта на Косово, Вјоса Османи.

Тамара Грнчароска

 

 

 

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Дали треба да се случи убиство? – Меланија од Куманово бара заштита од семејно насилство

Tea Dimkovska

Левица најави последен обид за консензус околу Изборниот законик – утрешниот ден е краен рок за да се постигне

Tea Dimkovska

„Охридско лето“ започнува со настап на светските оперски ѕвезди Ермонела Јахо и Чарлс Кастроново

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе