Вести Свет

Монсунски дождови во Индија, најмалку 125 загинати

Спасувачките екипи во Индија се обидуваат да стигнат до десетици куќи уништени во поплавите предизвикани од монсунски дождови, кои предизвикаа лизгање на земјиштето и поплави, во кои загинаа 125 лица.

Државата Махараштра е најтешко погодена од најновото невреме. Ова се најобилните дождови во јули во последните неколку децении, велат научниците.

Тие траеја неколку дена и погодија стотици илјади луѓе, додека постои опасност големите реки да се излеат од нивните корита.

Во Талије, на околу 180 километри југоисточно од финансискиот центар Мумбај, бројот на загинати се искачи на 42, а уште четири тела беа најдени откако повеќето куќи во селото исчезнаа при лизгање на земјиштето, изјави висок владин претставник на Махараштра.

Тој рече дека се заробени уште околу 40 луѓе. Според него, „шансата да се спасат живи е мала, бидејќи се наоѓаат во калта повеќе од 36 часа “.

„Околу 90.000 луѓе се спасени од поплавените подрачја“, се вели во соопштението на владата на Махараштра.

Илјадници камиони беа заробени повеќе од 24 часа на автопатот што го поврзува Мумбај со јужниот технолошки центар Бангалор, а на некои места патиштата беа поплавени.

Премиерот Наренда Моди рече дека е очаен поради настраданите.

„Ситуацијата во Махараштра поради обилните дождови внимателно се следи и укажана им е помош на погодените“, напиша Моди на Твитер.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

MВР со слика генерирана од вештачка интелигенција ја информира јавноста за случајот со лицето загубено на Матка

Tea Dimkovska

Романец се загубил на Матка па бил пронајден од ЦУК

Tea Dimkovska

Бизнисмен од Мајами баран во Албанија поради наводно перење пари е осомничен за фалсификување на документи за земјиште каде зетот на Трамп Кушнер сака да гради одморалиште

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе