Вести Македонија Топ вести

Издаден налог со кој Катица Јанева оди на издржување затворска казна во Идризово

Пред еден час Основниот суд во Гевгелија го издаде налогот со кој екс обвинителката на СЈО, Катица Јанева ќе оди на издржување на 7 годишната казна затвор. Ова за Телма го потврдува претседателката на судот Злата Попова, која вели дека претходно по маил судот ги добил првостепената и второстепената пресуда.

Но, фалеле делови од пресудата па откако ги докомплетирале документите, судија за извршување на санкции издаде, вели Попова. Писмото е однесено и до полициска станица Гевгелија, која треба да ја спроведе Јанева во Идризово. Катица Јанева е осудена во предметот Рекет за Злоупотреба на службената положба. Откако Апелацискиот суд во Скопје ја потврди затворската казна таа од домашен притвор односно од семејната куќа во гевгелија ќе треба да биде однесена во затвор во идризово кој е и единствениот женски затвор. Вчера доцна попладне во Идризово беше однеен и Бојан Јовановски кој е осуден на 9 години за перење пари и рекетирање.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Велигденски креативи кои ќе ви помогнат да ја разубавите претстојната трпеза

Дејан Дејан

Екстрадиција на Палевски: Кои се процедурите за испорачување на бегалци

Дејан Дејан

Истражувањето покажа: Американците не им веруваат на медиумите и новинаритe

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе