Довикувања, тензична атмосфера ,низа процедурални забелешки. Со часови Комисијата за европски прашања не можееше да отпочне со работа.Ситуацијата се вжешти кога Зекир Рамчиловиќ и даде копии од лица без државјанство на пратеничката од ВМРО ДПМНЕ Марија Петрушевска .
Опозицијата ги бараше на увид сите 1000 амандмани кои се поднесени , власта инистираше да се се утврди дневниот ред за да почне да тече времето од два дена за расправа.
По вчерашната грешка кога место Спасовски, Маричиќ го бранеше законот, денеска уште еден пропуст.Предлагачот , заменик министерот за внатрешни Назим Буши беше потпишан на законот и како министер за финасии.
Законот за државјанство се носи по скратена постапка со европско знаменце. Со него е предвидено државјанство да може да се стекне со приложување на лични документи, извод на родени, работничка книшка, имотен лист, комунални сметки, здравствена книшка, даноци и друго.
Јулијана Пешевска
