Вести Македонија

Социјалната реформа недоволна за лицата со попреченост

Подобрување на социјалната заштита на лицата со попреченост со зголемување на месечниот надоместок од 7100 на 12 000 денари, како и намалување на границата за добивање додаток од 26 годишна на 18 годишна возраст, побараа од Коалицијата „ Менуваме“, на протестите што ги одржаа неделава.Од Министерството за труд и социјална политика велат дека вовеле надоместоци за лицата со интелектуална попреченост, а родителите на деца со попреченост кои одат на работа со скратено работно време сега добиваат надоместок најмногу до 50% од просечната нето плата, остварена во претходната година.

Како поддршка на биолошките семејства кои имаат деца со попреченост, се зголеми износот на утврдената висина на правото на посебен додаток за 15%, а воведен е и траен надоместок за родител кој се грижел за детото со попреченост до неговата 26 годишна возраст, без да го смести во институција, кој е невработен и не користи право на пензија.

Лицата со попреченост не се задоволни ни од личните асистенти што ги добија. Велат, тие лица не се вработени, немаат здравствена заштита , па лесно може да ги остават и со лиценците што ги поседуваат да заминат на работа во странство. Но, од МТСП со одговор дека со реформите лична асистенција може да користат лица со попреченост и над 65 години, дека со измените на Законот за социјална заштита се намалила старосната граница за оваа услуга од 18 на 6 години и дека децата покрај личен, може да добијат и образовен асистент.

Коалицијата „ Менуваме“, достави повеќе барања до Владата, а утре претпладне во паркот Жена Борец, спроти Собранието ќе постават шатори, за како што велат, да бидат повидливи за надлежните.Од ресорното министерство рекоа дека до нив не стигнале барањата, но закажале средба со претставници од Коалицијата „ Менуваме“.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Романец се загубил на Матка па бил пронајден од ЦУК

Tea Dimkovska

Бизнисмен од Мајами баран во Албанија поради наводно перење пари е осомничен за фалсификување на документи за земјиште каде зетот на Трамп Кушнер сака да гради одморалиште

Tea Dimkovska

Уставен суд: Не нè користете за дневнополитички пресметки и политички притисоци

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе