Вести Македонија Најважни

Прва ослободителна пресуда за екс директорот на УБК Сашо Мијалков

Слично како и досегашните осудителни пресуди, така и оваа но сега ослободителна, екс директорот на УБК ја дочека без многу емоции. Сашо Мијалков не е виновен за Тортура врз Љубе Бошковски пресуди судијката Александра Ристеска.

Според судот поранешниот специјален обвинител, Љубомир Лапе со обвинението не успеал да го докаже делото кое го напишал во него „мачење и сурово постапување со Бошковски“ додека беше апсен за незаконско финансирање на Кампања. Не се докажало ниту дека Мијалков ги поттикнал шестемина припадници на Алфите да го навредуваат и да му ставаат пиштол на главата при апсењето. И вештачењето на здравствената состојба не покажало дека токму поради насилното приведување Бошковски имал стрес и срцеви проблеми неколку денови. Ристовса рече дека му дала можност на обвинителот да го допрецизира обвинението но тоа не го сторил.

Оваа пресуда ќе биде обжалена во апелација, вели Лапе. Во спротивно би била испратена порака дека овој начин на апсење е дозволен и законит. За адвокатите на Мијалков пресудата е очекувана.

Случајот тортура започна во март 2018 та а како докази беа користени и прислушкувани разговори на Мијалков, но и медиумските снимки од приведувањето на Бошковски пред Воденица. начинот на кој беше уапсен според СЈО беше суров, нечовечки и за политичка одмазда. Еск директорот на УБК веќе е осуден за две други дела на 20 години затвор, и е во притвор. За Бошковски пак од ново започна судењето за нелегално финансирање на кампањата на Обединети за Македонија а во моментов е и советник на премиерот Зоран Заев.

Билјана Николовска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Романец се загубил на Матка па бил пронајден од ЦУК

Tea Dimkovska

Бизнисмен од Мајами баран во Албанија поради наводно перење пари е осомничен за фалсификување на документи за земјиште каде зетот на Трамп Кушнер сака да гради одморалиште

Tea Dimkovska

Уставен суд: Не нè користете за дневнополитички пресметки и политички притисоци

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе