Вести Најважни Свет

Почнаа летните олимписки игри

Со задоцнување од една година во Токио почнаа летните Олимписките игри. Како налага традицијата, дефилето се отвори со грчаките спортисти, но се воведува и една нова традиција – знаемето на секоја учесничка нација за првпат го држат двајца припадници од тимот – маж и жена.

Церемонијата започна со спектакуларен огномет и моќен вовед на новоизградениот стадион вреден милијарда и половина долари. Најпрво се прослави начинот на кој атлетите успеаа да се подготват за оваа необична олимпијада и покрај рестрикциите за пандемијата. Во големата празнина од стадионот, на велосипедската трака имаше тркач, а на машина веслач.

Организаторите дадоа се од себе игрите да ги доближат до гледачите. Пред пандемијата, планирано беше на отворањето да присуствуваат најмалку 70 илјади гледачи, но стравот од ширењето на инфекцијата тој број го намали на само 950 луѓе, ВИП личности, претседатели и премиери на држави.

За да го надоместат отсуството на навивачите, ќе има низа од технички можности со кои гледачите ќе се запознаат во текот на олимпијадата. А оние малкуте кои ќе бидат дел од трибините нема да смеат да викаат, навиваат, среќата ќе се искажува само ќе ракоплескање.

Мора да го намалиме пртокот на луѓе колку што можеме и да преземеме соодветни мерки. Волонтерите ќе внимаваат, а дел од организаторскиот комитет ќе биде во хотелите, ќе го следи транспортот на спортистите и ќе биде на местата за натпревар. И тука мора да се осигураме дека луѓето нема да викаат и да се дезинфицираат, изјави СЕИКО ХАШИМОТО, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ОЛИМПИЈАДА ТОКИО 2020

Дружењето и размената на искуства во олимпиското село не е дозволено. Секој треба да е во својата соба, маските се задолжителни освен на тренинг и јадење. Кога ќе заврши настапот на Олимпијадата во рок од два дена спортистите треба да го напуштат селото. Сите овие строги протоколи се воведени за да се спречи ширењето на ковид, кој во Јапонија се повеќе се разгорува во изминативе денови. А и во Олимпиското село веќе има заболени.

На организаторите проблем им прават и протестите од жителите на Токио. Не се возбудени што се домаќини. Според најновите истражувања 55% од нив бараат олимпијадата да се откаже. Нивниот страв го препознаа и бројни компании, кои одбија да бидат спонзори. Но, оние коимпании кои одлучија да спонзорираат, заедно со Јапонија вложија 15,4 милијарди долари за отворањето на игрите, но неофицијално се проценува дека сметката е двојно повисока.

Но, сите проблеми на Токио со кои се соочуваше во изминатите осум години сега се во втор план. Нацијата чекаше да е домаќин на Олимпијада уште од 1964-та година. Можеби Токио нема да биде поплавен од туристи и нема да има полни стадиони, но во наредните две недели светот ќе има можност да ги гледа најдобрите спортисти на најзначаното натпреварување.

Алиса Шутиноска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

MВР со слика генерирана од вештачка интелигенција ја информира јавноста за случајот со лицето загубено на Матка

Tea Dimkovska

Романец се загубил на Матка па бил пронајден од ЦУК

Tea Dimkovska

Бизнисмен од Мајами баран во Албанија поради наводно перење пари е осомничен за фалсификување на документи за земјиште каде зетот на Трамп Кушнер сака да гради одморалиште

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе