Вести Македонија Топ вести

Од летување во Калитеа во домашен карантин, сите патници од автобусот во изолација

320 километри пат – од Калитеа до Скопје заедно во еден автобус, во изолација однесе патници вратени од летен одмор. Дел од нив веднаш откако ги напуштиле песочните плажи и стигнале дома, отишле на пункт за тестирање затоа што добиле симптоми. Сите од нив невакцинирани и млади лица, најголем дел на возраст под дваесет години. Токму тие се и најподложни на зараза со вирусот поради честите контакти и дружби во поголеми групи – според кажувањата на епидемиолозите. Веќе има и потврдени случаи помеѓу патниците.

Досега од автобусот имаме дваесет лица во изолација вкупно, од коишто четири се позитивни, а останатите се контакти. Изолацијата е направена според протоколот во зависност од контактите коишто ги имале. Тоа се млади луѓе коишто биле на летување во Грција, а забавите таму претпоставувам дека се одвивале како што се одвивале, изјави Д-р. Марија Гочевска – Епидемиолог во ЦЈЗ – Скопје

Но, не сите кои биле внатре во автобусот во тие неколку часови додека се враќале младите од летување, сега се изолирани. Причина за тоа се примените две дози од вакцината. Истата не штити 100% од заразување, но според најновите протоколи – контакт со заразено лице за нив не значи 14 дневно затворање во карантин.

Оние коишто биле вакцинирани, а тоа се водичите и возачот на автобусот, според протоколот апсолутно се изземени од изолацијата. Тоа важи и за сите оние коишто се вакцинирани и биле во контакт со позитивно лице и поминати се четиринаесет дена од последната доза на вакцината – тие не подлежат на изолација.“

Бројките на заразени во Грција периодов растат и тоа доминантна е Делта-варијантата. За случаите на заразата од автобусот со туристи од Скопје сè уште не е утврдено, но примероците ќе завршат во лабораториите каде што ќе се направи секвенционирање за да се дознае и официјално дали оваа мутација е во прашање.

 Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Романец се загубил на Матка па бил пронајден од ЦУК

Tea Dimkovska

Бизнисмен од Мајами баран во Албанија поради наводно перење пари е осомничен за фалсификување на документи за земјиште каде зетот на Трамп Кушнер сака да гради одморалиште

Tea Dimkovska

Уставен суд: Не нè користете за дневнополитички пресметки и политички притисоци

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе