Вести Македонија Топ вести

СДСМ поднесе амандман на Резолуцијата – додадено е уставното име

СДСМ поднесе амандман на Резолуцијата со кој во содржината се додава уставното име на државата ,, Република Севрна Македонија,,За резолуцијата собранието ќе расправа во текот на наредната недела.

Со силно мнозинство од 85 гласа, 1 воздржан и 4 против, пратениците одлучија Резолуцијата да биде втора точка на дневниот ред и да се разгледа веднаш по гласањето за ребалансот на буџетот. Поместувањето на точките во дневниот ред го побара предлагачот – ВМРО ДПМНЕ, нагласувајќи дека важно е да се запази суштината на Резолуцијата, која е надпартиска и обединителна. Формата, велат од ВМРО ДПМНЕ, може да се промени со амандман. СДСМ уште еднаш потенцира дека за нив суштината на Резолуцијата за црвените линии со Бугарија е сосема прифатлива без било какви интервенции, но изоставувањето на додавката „северна“ во името на државата, би било кршење на Уставот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Многу неискористени студии за развојна Пелистер, се најавува нова

Дејан Дејан

Мерко во судница за спорните именувања на директори

Дејан Дејан

Ферати немал право да пресуди повисока казна од две години, сметаат неговите колеги и судскиот совет

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе