Вести Свет

Зајкова до бугарските пратеници: Народот ни порача да работиме заедно

Највозрасната пратеничка во новиот бугарски Парламент, Мика Зајкова, ја отвори прва седница. Нардоните претставници во новото 46-то Национално собрание се заколнаа дека ќе се придржуваат до Уставот и законите на Бугарија. На самиот почеток од седницата, Зајкова им порача на пратениците дека се надева дека ќе види насмеани лица кај колегите и подготвеност да ги поделат своите знаења во полза на Бугарија.

НАРОДОТ НЕ ДАДЕ ПОДДРШКА НА НИТУ ЕДНА ПАРТИЈА, И НИ ПОРАЧА – ДАМИ И ГОСПОДА РАБОТЕТЕ ЗАЕДНО, РЕЧЕ ЗАЈКОВА.

Тошко Јорданов, заменик претседател на „Има таков народ“, партијата која освои најмногу гласови на предвремените парламентарни избори од 11 јули, на отворањето коментираше дека следните 14 дена ќе бидат клучни за судбината на новиот парламент и дали потоа Бугарија ќе добие нова влада.

Даниела Атанасова од втората политичка партија во парламентот, ГЕРБ, ја критикуваше привремената влада за неуспехот да се вакцинира бугарскиот народ. ГЕРБ нема да поддржува влада што ќе работи со „пловечки мнозинства“, бидејќи тоа нема да доведе до стабилно управување.

Претседателот на Бугарската социјалистичка партија, Корнелија Нинова, рече дека земјата се соочува со четири предизвици. Првиот е слабиот од одзив на изборите, вториот е потребата од дијалог за надминување на поделбата во општеството, третиот е формирање стабилна влада и рече дека БСП е подготвена да го исполни мандатот доколку го добие од претседателот на Бугарија и четвртиот предизвик е да се укине моделот на владеење на Борисов.

Почетокот на работата на новоизбраниот парламент се случи во присуство на верски лидери, поранешни бугарски претседатели, членови на судството и странски амбасадори акредитирани во Софија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Романец се загубил на Матка па бил пронајден од ЦУК

Tea Dimkovska

Бизнисмен од Мајами баран во Албанија поради наводно перење пари е осомничен за фалсификување на документи за земјиште каде зетот на Трамп Кушнер сака да гради одморалиште

Tea Dimkovska

Уставен суд: Не нè користете за дневнополитички пресметки и политички притисоци

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе