Францускиот претседател Емануел Макрон побара серија истраги за случајот со моќниот израелски шпионски софтвер Пегаз, на чија листа бил и неговиот телефонскиот број. Францускиот весник Ле Монд, член на глобален медиумски конзорциум, објави дека мобилните телефони на претседателот Емануел Макрон и 15 членови на француската влада во 2019 година биле цел на упади. Францускиот премиерот Жан Кастекс рече дека доколку се открие дека прислушкувањето на телефонот на Макрон е вистина, тоа би била многу сериозна ситуација и надлежните органи ќе испитаат се за да го расветлат случајот
-Ако се потврдат фактите, тоа е сериозно. Мора да го разгледаме внимателно, особено со оглед на можната сериозност на фактите. Која е реалноста, нивото на протекување. Претседателот на републиката нареди повеќекратни истраги и мислам дека би било малку неодговорно да кажеме работи додека не знаеме што точно се случило, како и кои мерки би можеле да ги преземеме – Жан Кастекс, премиер на Франција.
Илјадниците следени лица ширум светот биле шпионирани од влади на различни земји користејќи ги нивните Ајфони или Андроид телефони. „Пегаз“ им овозможува на оние што ја следат целта не само да го следат објектот и да откриваат со кого разговара и за што, туку и да имаат пристап до компромитирачки слики и информации со кои можат да уценуваат или малтретираат.
Во Израел е формира специјален тим за истрага за наводната злоупотреба на Пегаз кој го надгледува извозот на софтверот од страна на израелската компанија НСО. Израелскиот премиер Бенет ги повика земјите да се приклучат на глобалниот мрежен штит.
-Јас како премиер на Израел, овие сајбер напади ги сметам за едно од најголемите закани за националната безбедност. И мислам дека кибер нападите ширум светот се едни од најголемите глобални закани на самиот свет – Нафтали Бенет, премиер на Израел.
По проучувањето на 50.000 телефонски броеви во тоа истражување, откриено е дека „Пегаз“ е инсталиран во телефоните на повеќе од 180 новинари и стотици активисти, како и државници и дипломати.
Билјана Ставрова
