Американскиот милјардер Џеф Безос, денес од пустина во западен Тексас ќе полетаа во вселената со ракетата „Њу Шепард“ сопственост на неговата компанија „Блу Ориџин“. Патувањето до работ на вселената ќе трае 11 минути.
На Безос на патувањето ќе му се придружи Воли Фанк, која со 82 години ќе стане најстарата личност што патувала во вселената.
Како дел од екипажот е и холандскиот тинејџер Оливер Даемен, кој ќе стане најмладиот астронаут, а воедно е и првиот патник кој платил за патувањето со „Блу ориџин“.
Четвртиот член на екипажот е Марк, братот на Џеф Безос, финансиер кој управува со семејната фондација „Безос“ и волонтира како пожарникар.
