„Северна“ повторно ја нема на интерпелацијата за Талат Џафери што ВМРО ДПМНЕ му ја врати на претседателот на Собранието. Од партијата одбиваат да направат корекции, затоа што сметаат дека Џафери ги бара од нив неосновано и неделовнички.
Дали тоа значи дека фотељата на Џафери е безбедна се` додека на интерпелацијата го нема името со Северна? Од Кабинетот нема одговор.
ВМРО ДПМНЕ, поддржана од Левица, поднесе интерпелација против Џафери бидејќи противуставно се обрати на албански јазик во Европскиот парламент, и покрај тоа што службен јазик за меѓународна употреба е македонскиот.
Далиборка Демјанска
