Од Левица сметаат дека Уставниот суд треба да ја преиспита уставноста на спорните одредби и да обезбеди еднакви услови за сите политички учесници. Во партиското соопштение се критикуваат ставовите на дел од судиите кои се повикале на претходна одлука од 2023 година и се наведува дека новите околности и искуствата од изборните процеси треба повторно да се разгледаат.
Според нив, ограничувањето на медиумското присуство може да влијае врз изборниот резултат и врз можноста партиите рамноправно да ги претстават своите програми.
Уставниот суд претходно ја разгледа иницијативата на Левица за оценување на уставноста на одредби од Изборниот законик, со кои партијата тврди дека е ставена во нерамноправна положба во однос на платеното политичко рекламирање за време на изборни кампањи. По расправата не беше постигнат потребниот број гласови за одлука, па предметот останува отворен.
