Голема колочина на дрога е пронајдена вчера во напуштени подрумски простории во зграда на подрачјето на општина Аеродром, информираше Министерството за внатрешни работи.
Според информациите, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје, по претходно преземени мерки, извршиле контрола во просториите, при што биле пронајдени бела грутчеста материја, халуциногени печурки, една кеса со поголема количина таблети екстази, марихуана и три дигитални ваги.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок.
