Во преполна судница со роднини на убиените жени започна судењето за серискиот убиец од Старо Нагоричане Трајче Бојковски, кој одговора за 4 убиства и два обидa за убиство.
Тој беше доведен во судница со полициска придружба, и откога влезе во судница молчи и гледа нагоре.
Одби да одговори на прашањето на судијата за неговите лични податоци, и не гледаше кон судечкиот совет, туку продолжи да се насмевнува и да гледа кон таванот на судницата.
Роднините на жртвите коментираа дека тој се преправа дека е луд. Претходно тој го помина психијатрсикото вештачење, и психијатри утврдија дека тој е пресметлив.
Во моментов трае паузата која ја побара Судот за да се провери дали тој може да го следи судењето.

Т.Б. (25) од Старо Нагоричане е обвинет за 4 кривични дела – Убиство од член 123 став 2 точка 4 од Кривичниот законик, како и два обиди за убиство од истиот квалификуван облик.
Бидејќи со умисла лишил од живот повеќе лица, согласно член 123 став 3 од Кривичниот законик, му се заканува казна затвор од најмалку 10 години или доживотен затвор.
Истрагата за убиецот од Старо Нагоричане, утврди дека бил пресметлив кога ги извршувал убиствата , а убивал од омраза кон жените. Во текот на истрагата беа откопани телата на три жени, а обдукцијата утврди дека две од нив се негови жртви.
Ова е прв случај на сериски убиец со елементи на фемицид – сите жртви биле жени и биле нападнати токму поради нивниот пол. Осомничениот има 25 години и е жител на село Малотино (општина Старо Нагоричане).
Предметот во судска постапка ќе го застапува Љубомир Лапе, јавен обвинител во Основното јавно обвинителство Куманово.
