Вести Македонија Топ вести

Oбвинетиот Качапор кој e обвинет за прегазување на Јорго Ќука денес не се појави на суд

Се одложи денешното рочиште за Харис Качапор обвинет дека на пешачки премин смртно го прегази поранешниот директор на ОХИС Јорго Ќука. Качапор не беше присутен на рочиштето бидејќи утринава доставил медицинска документација дека не е во добра здравствена состојба.

Се гони за тешки дела во сообраќајот за кое предвидена е казна од најмалку 4 до 20 години затвор. Сообраќајката се случи на 3-ти ноември на булеварот Гоце Делчев. Качапор возел со 53 км/час, а по сообраќајката, го оставил возилото и отишол на лекар и беше пронајден од МВР по неколку часа.

Ќука на јавноста и е познат како прв човек на поранешниот гигант во хемиската индустрија ОХИС на чие чело беше повеќе од две децении. Следното рочиште е закажано за 17 септември.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Почина велшката пејачка Бони Тајлер

Дејан Дејан

Левица: Постои дискриминација во изборните правила

Tea Dimkovska

(Видео/Фото) Серискиот убиец молчи и гледа во таван – роднини на убиените жени велат се преправа дека е луд

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе