Четири лица, меѓу кои и функционер на Египетскиот комитет за помош во Газа, загинаа во израелски воздушен напад во населбата Сабра, непосредно пред почетокот на натпреварот меѓу Египет и Аргентина на Светското првенство.
Во нападот животот го загубија и две деца, како и возачот на автомобилот кој бил погоден. Израелската армија соопшти дека цел на нападот не бил хуманитарниот работник Мохамед ал Вахиди, кој учествувал во организирањето јавни преноси на натпреварите низ Газа. Според војската, нападот бил насочен кон припадник на Хамас, а во тек е проверка дали целта бил возачот на возилото.
Египетскиот комитет обезбедува хуманитарна помош за населението во Газа и организира јавни гледања на натпреварите од Светското првенство. И покрај примирјето што стапи во сила во октомври, израелските напади продолжуваат, а според здравствените власти во Газа, бројот на загинати од почетокот на војната надмина 73.000 лица.
