Македонија Топ вести

Почнува имунизацијата против Ковид-19 на деца

Во државава од денеска ќе почне вакцинирањето со „Фајзер“ на децата од 12 до 17  години чии родители/старатели се пријавиле на сајтот vakcinacija.mk, а според последните податоци од Министерството за здравство, пријавени се околу 1800 деца. Паралелно продолжува и имунизацијата на возрасното население.

Здравствените власти апелираат дека единствен начин на превенција да не се соочиме со нов силен бран и ширење на опасниот делта сој е што помасовна имунизација. Од Министерството за здравство вчера информирaа дека кај нас се детектирани десетина случаи со делта сој и ниту еден од нив не бил вакциниран.

Според последната статистика што ја објави вчера ресорното Министерство, во претходното деноноќие е регистриран 21 нов случај со Ковид-19 од направени 3358 тестирања. Од нив, 13 се од Скопје, пет од Тетово и по еден од Гостивар, Струмица и Дебар. Во болниците во земјата хоспитализирани се 16 пациенти. Регистрирани се двајца оздавени панциенти, а починати немало.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Левица: Постои дискриминација во изборните правила

Tea Dimkovska

Oбвинетиот Качапор кој e обвинет за прегазување на Јорго Ќука денес не се појави на суд

Tea Dimkovska

(Видео/Фото) Серискиот убиец молчи и гледа во таван – роднини на убиените жени велат се преправа дека е луд

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе