Вести Македонија

Муцунски од Анкара: Активно придонесуваме кон зајакнувањето на колективната безбедност, стабилноста и единството

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски вели дека  одлуките донесени на Самитот на НАТО во Анкара, претставуваат чекор кон посилна Алијанса и поголема колективна безбедност. Тој преку Фејсбук статус пишува дека НАТО испорачува резултати и дека е  потврдена заедничката определба за поголеми инвестиции во одбраната

Пораката е јасна: НАТО испорачува резултати. Ја потврдивме заедничката определба за поголеми инвестиции во одбраната, понатамошно јакнење на одбранбените капацитети, поправедна распределба на одговорностите меѓу сојузниците и континуирана поддршка за Украина“, напиша Муцунски на социјалните мрежи.

Според Муцунски, на разговорите биле опфатени билатералните односи, соработката во рамките на Алијансата, но и актуелните регионални и глобални безбедносни прашања.

Како посветен и кредибилен сојузник, продолжуваме активно да придонесуваме кон зајакнувањето на колективната безбедност, стабилноста и единството, порача министерот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Oд дискриминација при распределување на средства, фаворизирање адвокат, местење тендери, па се до фиктивни исплати – Ревизија ја оцени најлошо Агенцијата за вработување

Tea Dimkovska

(Видео) Напуштен подрум во Аеродром, скривалиште за халуциногени печурки, таблети, екстази и марихуана

Kristina Kuzmanovski

Почнува судењето за серискиот убиец од Старо Нагоричане, изврши четири убиства и два обида за убиство

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе