Македонија Топ вести

Затворањето на непрописните депонии и ѓубришта на дневен ред на седницата на владата

Владата на Република Северна Македонија денеска ќе ја одржи редовната 88-ма седница со повеќе точки на дневниот ред од својата програма за работа и од интерес на граѓаните.

На денешната седница, меѓу другото, како што соопшти владината прес-служба, ќе биде разгледана информацијата за статусот на реализација на подготвителните активности поврзани со проектот за затворање на непрописните депонии и ѓубришта во Источниот и Североисточниот Регион, на предлог на Министерството за животна средина и просторно планирање.

Министерството за труд и социјална политика за оваа седница ја предложи точката Информација во врска со Предлог на стратегијата за родова еднаквост 2021-2026 година, со Предлог на стратегија за родова еднаквост 2021-2026

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Левица: Постои дискриминација во изборните правила

Tea Dimkovska

Oбвинетиот Качапор кој e обвинет за прегазување на Јорго Ќука денес не се појави на суд

Tea Dimkovska

(Видео/Фото) Серискиот убиец молчи и гледа во таван – роднини на убиените жени велат се преправа дека е луд

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе