Свет Топ вести

Англија ги укина рестрикциите, Австралија го продолжува карантинот

Најквалитетното вино, конфети и одбројување до полноќ. Иако така изгледа ова не е новогодишната ноќ, туку посетителите на ноќните клубови од Лондон до Ливерпул го слават крајот на ограничувањата поради коронавирусот во Англија. После 17 месеци празни подиуми, од синоќа на полноќ ноќните клубови повторно се полно, маските не се задолжителни, а правилата социјална дистанца веќе не важат. Се е оставена на совест на луѓето.

-Мислам дека енергијата не ослободува од целиот стрес, знаете после толку долго работа од дома, ќе биде неверојатно – Давина Пресад, член на клубот „Пиано Воркс“.

-Се поголем е притисокот врз владата да ги задржи ограничувањата или потенцијално да влезе во карантин. За нас тоа би било поразително бидејќи тоа би било уште еден удар, знаете вложивме голема сума пари за повторно да отвориме, вложуваме во безбедноста во ковид мерките, обука на кадарот и всушност веднаш да не затворат по дозволата за повторно да отвориме – Тристан Мофат, директор на клубот „Пиано Воркс“.

За време на утринскиот шпиц во лондоското метро голем број патници сè уште носеа заштитни маски и покрај укинувањето на рестрикциите на таканаречениот „Ден на слободата“. Носењето маска во возовите сега е личен избор, а не обврска.

-Мислам дека се уште мораме да преземем многу мерки на претпазливост кога е вирусот во прашање. Не мислам дека е најпаметно да се заострат, но се надевам дека луѓето донесоа правилна одлука и се трудат да бидат посигурни и да држат дистанца – Сарин Смит.

Во Франција, земјата во која трет ден по ред регистрирани се над 10.000 новозаболени од Ковид, на масовните протести против воведувањето построги мерки, викендов уништени се два вакцинални пунктови.

Речиси половина од 25-те милиони жители на Австралија се уште се заробени во своите домови поради ширењето на делта сојот на коронавирусот, вклучувајќи ги и жителите на Сиднеј.

Австралиските власти планираат продолжување на карантинот во државата Викторија и во следните денови.

Билјана Ставрова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Oбвинетиот Качапор кој e обвинет за прегазување на Јорго Ќука денес не се појави на суд

Tea Dimkovska

Нови правила за организирање игри на среќа – се воведуваат задолжителни дозволи и плаќање надоместок од 18 проценти од вкупниот награден фонд

Дејан Дејан

(Видео) Напуштен подрум во Аеродром, скривалиште за халуциногени печурки, таблети, екстази и марихуана

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе