Македонија Топ вести

Жителите на селото Чифлик на протест бараат чиста вода за пиење

Матната вода од бунарите и пумпите, како и септичките јами на протест ги извади жителите на селото Чифлик од општината Чешиново-Облешево. Имаат водоводна и канализациона мрежа, но поплавите, а и  малите врнежи од дожд покажале дека се неквалитетно изградени, па се мешаат и двете мрежи. Бараат елементарни услови за живот во 21 век, од живо село со млада популација изминатите години пополека се празни. Стравуваат за здравјето на децата, а на политичарите им порачаа на претстојните избори да не им влегуваат во селото.

По 30 години 150 домаќинства од селото Чифлик во Општина Чешиново-Облешето се сплотени.  Немање на чиста вода за пиење и канализациона мрежа ги извади на двочасовен протест на магистралниот пат Кочани –Делчево. Го повикаа обвинителството да открие каде се парите и како се трошеле за водовод изграден пред 20 години, а канализационата мрежа пред само пет години, за неа се фрлени 16 милиони денари. Неквалитетната изградба на мрежите ги врати во 19 век, вода да пијат од чешмите од соседните села и да имаат септички јами и полски тоалети.

Немаат елементарни услови за живот, младите не можат да ги сопрат да си заминат во градовите, со години граделе и инвестирале. Сметаат дека матната вода и септичките јами им ги бркаат младите од убавите куќи.  Стравуваат за здравјето на учениците и нивните деца. Во училишниот двор на неколку метри   е пумпата за вода и полското веце.

Мештаните на партиите без разлика дали се големи или мали им порачаа на претстојните избори да не им влегуваат во селото, најавија бојкот и празни гласачки кутии. Доколку нема повидок на решение секоја недела или неколку пати во месецот ќе излегуваат на протести.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Левица: Постои дискриминација во изборните правила

Tea Dimkovska

Oбвинетиот Качапор кој e обвинет за прегазување на Јорго Ќука денес не се појави на суд

Tea Dimkovska

(Видео/Фото) Серискиот убиец молчи и гледа во таван – роднини на убиените жени велат се преправа дека е луд

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе