Владејачката СДСМ, вечерва на Извршниот одбор одлучи за кандидати за градоначалници на локалните избори, што треба да се одржат во втората половина на октомври, да ги предложи:
За Бутел- Велимир Смилевски, Богданци- Блаже Шапов, Валандово Перо Костадинов, Босилово Зоран Зимбаков, Вевчани Сашо Јанковски, Виница Ивица Димитров, Градско Роберт Пешовски, Делчево Горан Трајковски, Демир Капија Лазар Петров, Дојран Анго Ангов, Зелениково Борче Гијевски, Карбинци Јорадан Нацев, Кисела Вода Филип Темелковски, Конче Благој Илиев, Крушево Томе Христовски, Маврово Ростуше- Медат Куртовски, Лозово- Ацо Велковски, Новаци- Љубе Кузмановски, Охрид- Костантин Георгиевски, Пехчево- Славчо Падуровски, Пробиштип- Драган Анастасов, Штип – Сашко Николов и за Ресен- Живко Гошаревски.
Потврдена е кандидатурата и на Петре Шилегов за градоначалник на Град Скопје.
Одлуките, рече Заев, ги носиме здружено со граѓаните, кои што најдобро знаат која личност е најдобриот избор за нивната општина.
– Пресудни за одлуките беа анкетите спроведени меѓу граѓаниет на овие 30 општини. Сите овие кандидати за градоначалници и градоначалнички кои ги објавуваме во оваа прва фаза се дел од најдоброто, блиски до граѓаните, чесни, одговорни со конкретни планови и решенија. Нема поголема чест и обврска да им се служи на своите граѓани СДСМ тоа во изминатите години го правеше најдобро што можеше и ќе продолжи да го прави уште подобро и во иднина, изјави Заев.
За останатите кандидати, посочи Заев, ќе информираат како што ќе се завршуваат останатите анкети, истражувања, анализи и ќе се носат одлуките на раководството.
– Не станува збор за фаворизирани општини. На пример за општините за кои со сигурност знаеме дека ќе победиме како Струмица, Центар, Куманово, Карпош, Крива Паланка и други ќе ги објавиме во следните фази, затоа што за нив постапките ќе завршат до крајот на овој месец и средината на август, изјави Заев.
Втората фаза потврдени градоначалници, посочи Заев, ќе биде објавена кон почетокот на следниот месец, а очекувањата се кон крајот на август да бидат објавени комплетно сите кандидати за градоначалници и градоначалнички.
Локалните избори во Северна Македонија треба да се одржат во втората половина на октомври.
Еве го обраќањето на лидерот на СДСМ кој ги објави имињата на кандидатите за градоначалници.
