Нов предизборен спот, повторно од партијата на Красимир Каракачанов ВМРО-БНД, во кој е претставен Охрид и како што се вели се брани „бугарштината“. Ова е вторпат како партијата на поранешниот министер за одбрана на Бугарија, Каракачанов во изборната кампања има спотови во кои се вели дека Македонија е бугарска.
Со рекација се јавија од македонското МНР, во која се вели дека во предизборни спотови објавени во Бугарија се изразува територијални претензии и еднострани чувства за припадност и присвојување кон Македонија. Ги осудија ваквите спотови, кои, како што стои во реакцијата не се во духот на градење пријателство и почитување на европските вредности.
Очекуваме официјалните претставници на Република Бугарија да се оградат и ги осудат ваквите настапи на една од потенцијалните политички учесници во највисокиот дом на Бугарија, стои во реакцијата на МНР.
Во Бугарија в недела ќе се одржат вонредните избори, откако на претходните пред три месеци ниедна партија не обезбеди парламентарно мнозинство.
