Свет Топ вести

Бајден: Повлекувањето на американските трупи од Авганистан ќе заврши на 31 август

Повлекувањето на американските трупи од Авганистан ќе заврши на 31 август, изјави американскиот претседател Џо Бајден. Тој рече дека САД ги постигнале своите цели во Авганистан во справувањето со терористичката закана.

Американскиот претседател изрази уверување дека авганистанската влада е во состојба да остане на власт и од авганистанскиот народ зависи како ќе ја водат својата земја, и покрај новата загриженост за можноста за граѓанска војна.

Не отидовме во Авганистан за да изградиме држава. Исклучително право и одговорност на авганистанскиот народ е да одлучува за својата иднина и како сака да управува со својата земја, изјави Бајден.

Бајден додаде дека САД планираат да иселат илјадници авганистански преведувачи од земјата, чекајќи го крајот на американската воена мисија во земјата на 31 август.

Во меѓувреме, талибански борци ја презедоа контролата врз клучниот округ во западен Авганистан, кој вклучува голем граничен премин со Иран.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Марин Ле Пен најави кандидатура за претседател на Франција и ќе ја обжали пресудата пред Врховниот суд.

Дејан Дејан

Марта Кос: Ниту една земја кандидат за членство во ЕУ досега нема добиено, ниту пак може да добие гаранции за евентуален нов билатерален спор

Дејан Дејан

На тепачите од Ченто кои нападнаа малолетник одземени им се пасошите и забрането им е да го напуштaт домот

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе