Средна оценка 4, во однос на 2019 –та кога била 3. Вака е оценет успехот на матурантите кои полаат по 2 екстерни испити по скратени програми во јуни, соопштија од државниот испитен центар.
Послаби резултати се постигнати при полагањето на странските јазици за што од ДИЦ изразија сомнеж дека матурантите препишувале, што е забрането.
Денеска напладне резултатите од полагањето на државната матура се истакнати во гимназиите и средните стручни училишта, а од денеска до среда тече и рокот за поднесување преговори, за кои незадоволните ќе треба да платат по 1 500 денари.
Целта е да се намали бројот на неосновани приговори, а не ДИЦ да печали пари, рече директорката Елизабета Наумовска .
