Македонија Најважни

СДСМ најави прифаќање на резолуцијата предложена од ВМРО-ДПМНЕ – поддршка и од помалите партии

ВМРО-ДПМНЕ денеска одржа средби со малите  политички партии за резолуцијата за спорот со Бугарија. Од Демократски Сојуз, ДОМ и ЛДП велат дека даваат поддршка. Предмалку и од СДСМ информираа дека ќе ја прифатат резолуцијата, за која дознале од медиумите, токму онаква каква што е. Очекуваат ВМРО-ДПМНЕ да ја достават до секој пратеник.

Како што најавија од ВМРО-ДПМНЕ, резолуцијата треба да ги определи црвените линии за почитување на македонскиот јазик, идентитет и историја во преговорите со Бугарија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВМРО-ДПМНЕ и Демократската партија на Турците потпишаа коалициски договор

Tea Dimkovska

Тројца приведени од кои двајца доктори, претреси на пет локации во Скопје – се проширува истрагата за ботоксите

Sasko Dimovski

Обвинителството побара подготвителна постапка и мерки за четворица малолетници за случајот на врсничко насилство во Аеродром

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе