Вести Македонија

Регистрирани шест нови случаи на Ковид и 27 оздравени пациенти, нема починати

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа се направени 1.650 тестирање, а регистрирани се шест нови случаи со Ковид-19 од кои пет во Скопје и еден во Кичево. Регистрирани се 27 оздравени пациенти и тоа од Скопје – 17, Тетово – 4, Охрид – 2, Прилеп, Гостивар и Кичево – по 1. Не се регистрирани починати пациенти, соопшти Министерството за здравство.

Досега во земјата се направени вкупно 893.681 тестирања на Ковид-19.
Вкупниот број Ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 155.716, бројот на оздравени пациенти е 150.100, на починати е 5.486, а на активни случаи изнесува 130.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно)
Скопје 68682, Активни 54
Куманово 8882, Активни 10
Прилеп 8327, Активни 5
Тетово 7253, Активни 14
Битола 6309, Активни 5
Велес 5474, Активни 2
Гостивар 5182, Активни 1
Кавадарци 5155, Активни 2
Охрид 5019, Активни 9
Штип 4960, Активни 0
Струмица 4120, Активни 6
Струга 2981, Активни 0
Кочани 2792, Активни 0
Кичево 2600, Активни 14
Гевгелија 2195, Активни 0
Неготино 2184, Активни 0
Свети Николе 1524, Активни 0
Ресен 1234, Активни 0
Крива Паланка 1227, Активни 2
Радовиш 1161, Активни 0
Берово 1032, Активни 3
Делчево 973, Активни 0
Дебар 942, Активни 1
Виница 886, Активни 0
Пробиштип 789, Активни 0
Валандово 667, Активни 0
Богданци 494, Активни 0
Крушево 490, Активни 0
Демир Хисар 400, Активни 0
Демир Капија 396, Активни 0
Кратово 377, Активни 1
Македонски Брод 359, Активни 0
Пехчево 269, Активни 1
Македонска Каменица 249, Активни 0
Дојран 132, Активни 0. рп/сп/

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Осомничен е 26-годишен маж за убиство на поранешната британска министерка Видикомб

Tea Dimkovska

ВМРО-ДПМНЕ и Демократската партија на Турците потпишаа коалициски договор

Tea Dimkovska

Урсула фон дер Лајен ќе го донира пиштолот кој го доби од претседателот Ердоган на Самитот во Анкара

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе