Македонија

Заев: Американската демократија е водилка и инспирација за сите прогресивни демократии во светот

Традицијата на американската демократија е водилка и инспирација за сите прогресивни демократии во светот. Посебно значајно е што новата администрација на претседателот Бајден го најави уште поголемото присуство на САД во Европа за реафирмација и развивање на силното транс-атлантско партнерство, ова го порачува премиерот Зоран Заев на својот фејсбук статус по повод 4 Јули, Денот на независноста на Соединетите Американски Држави, ден со кој, како што вели, се одбележуваат 245 години од усвојувањето на Декларацијата на независноста.

-Како стратешки партнер на САД, Северна Македонија е посебно горда што од 2020 година, Северна Македонија и САД се сојузници и во НАТО, најсилната воено-политичка алијанса во историјата на светската цивилизација. Од нашата независност до денес, нашата држава во САД има голем и посветен партнер и поддржувач и секогаш кога земјава беше ставена пред сериозни предизвици, имавме помош и поддршка за заедно да ги надминеме премрежјата и проблемите со бевме соочени, вели Заев во својот фејсбук статус.

Нашите граѓани, додава, денес уживаат поголеми слободи и права, во постабилна, побезбедна и попросперитетна држава и заради нашето партнерство и сојузништво со САД, и заради поддршката што земјата континуирано ја добива низ разните програми за поддршка на развојот на нашата демократија и институции.

-Во мое лично име, во име на Владата и во име на сите граѓани на Северна Македонија, им го честитам 4 Јули, на сите граѓани на САД, порачува Заев на ФБ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВМРО-ДПМНЕ и Демократската партија на Турците потпишаа коалициски договор

Tea Dimkovska

Тројца приведени од кои двајца доктори, претреси на пет локации во Скопје – се проширува истрагата за ботоксите

Sasko Dimovski

Обвинителството побара подготвителна постапка и мерки за четворица малолетници за случајот на врсничко насилство во Аеродром

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе