Атиџе од Медена земја останала без симболот по кој ја запозна светот: нејзините пчели. По долгата зима, пчелите на Атиџе угинале. Местата во нејзината околина каде собираше мед цела сезона, сега се празни. Откако дознале дека Атиџе останала без основниот извор на егзистенција, пчелната задруга Пчелин рај од Струмица однесе пчелни семејства во нејзиното село.
Атиџе веќе имала пчелни сандаци. Опремата за одгледување пчели ја добила како донација од Турција, а откако и донираа и пчелни семејства, ќе може да развива и посовремено пчеларство.
Андонов смета дека Атиџе е значајна за пчеларството, но и е вреден пример за руралниот начин на живот. Затоа е потребно ваквите случаи да бидат долгорочно поддржани за да можат и понатаму да поттикнуваат, мотивираат, едуцираат со својата едноставност.
Сузана Мицева
