Економија Македонија

Антикорупциска против предлог законот за изградба без тендер на автопатите од Коридорите 8 и 10

Се отвара патот американско-турскиот конзорциум Бахтел и Енка со директна спогодба без тендер да ги гради автопатите од Коридор 8 и 10.

Група пратеници од власта веќе поднесоа предлог закон кој бараат да се носи по скратена постапка.

Предлагаат  американско – турскиот конзорциум  да се прогласи за стратешки инвеститор, а изградбата на автопатите од Коридор 8 и 10 да се утврдат како национален интерес.

Бахтел и Енка според предлог-законот треба да ги проектираат и изведат автопатите Тетово-Гостивар-Букојчани, Требеништа-Струга-Ќафасан и Прилеп-Битола.

Владата веќе склучи меморандум за соработка со нив, но со предлог законот во собрание се дава амин таа да преговара и да склучи договор без тендер со конзорциумот.

Антикорупциска излезе со жестока реакција. Му укажуваат на Собранието да не го донесе предлог-законот, бидејќи има  висок ризик од корупција.

Ако пратениците го изгласаат –  велат ќе го оспорат пред  Уставен суд.

Според антикорупционерите со предлог- законот прекршени се основните начела за транспарентност, конкурентност и се фавозира еден економски оператор.

Ивановска вели во предлогот има контроверзни членови, како тој со кој стратешкиот партнер се ослободува од одговорност ако проектантот не ги исполни обврските, во услови кога тој е и проектант и изведувач.

И невладините алармираат за ризик од корупција во директната зделка со „Бехтел и Енка“ за изградба на автопатите.

Предлогот веќе е ставен на разгледување на матичната Комисија за финансирање и буџет во понеделник, чиј претседател е од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Од опозициската партија директно не потврдуваат дали ќе го поддржат – велат викендов ќе градат став.

Земјава има искуство во договарање на изградба на автопати, без тендер. Собранието во 2013 донесе посебен закон за изградба на автопатите Миладиновци-Штип и Кичево-Охрид со кинескиот партнер Синохидро. Државната зделка со кинезите заврши со обвинение од СЈО за поранешни  високи функционери за финансиска проневера од 155 милиони евра.

Александра Филиповска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Дали Нико Беќаровски ќе си замине од државна Токсикологија по хаосот кој го направи економската директорка на Клиниката

Дејан Дејан

Зголемен водостојот на Охридското и на Преспанското Езеро

Дејан Дејан

Гласаат 6.935 болни, затвореници, лица во старските домови

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе