Принцот Хари и неговата сопруга Меган Меркл по вторпат станаа родители. Нивната керќа ќе го носи името Лилибет Дајана Маунтбатон-Виндзор.
Нејзиното прво име, Лилибет, е во чест на нејзиното височество Кралицата. Нејзиното средно име е во чест на нејзината баба и мајката на Хари, принцезата Дајана. Бебето е осмо по ред до британскиот трон.
Новороденчето и мајката се чувствуваат добро и веќе се во својот дом.
Синот на Принцот Хари и Меган Меркл, Арчи минатиот месец наполни две години.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
