Македонија Топ вести

13 проценти повеќе домаќинства гладуваат поради пандемијата

Бројот на домаќинства кои гладуваат, за само пет месеци од почетокот на  пандемијата се зголемил за 13 проценти, затоа што останале без ниту еден вработен член. Двојно е зголемен и бројот на жени зависни од државна помош. Покрај губењето на  работните места и падот на месечните приходи, жените се соочиле и со  отежнат пристап до здравствени услуги, покажува истражувањето на Здружението ЕСЕ.

Секоја трета жена која имала потреба од преглед, не го добила во јавните здравствени установи. 63 отсто не можеле ниту да стигнат до специјалист, а 12 отсто не можеле да направат хируршка интервенција. Како последица на тоа, им се влошила здравствената состојба. Просечната плата на жените кои останале на работа е намалена за 338 денари, но кај осум отсто падот надминува 8.000 денари.

Загрижувачка е и негативната промена на договорите за вработување, особено кај жените што биле вработени со договор на определено време и  договор на дело, на многу помалку месеци од претходно.

Најмногу отпуштања имало меѓу жените вработени во акционерските друштва во државна сопственост, угостителството,конфекцијата и самовработените жени. За време на пандемијата евидентно е зголемувањето на бројот на вработени жени само во секторот фармација.Од ЕСЕ препорачуваат, владата да го преиспита доделувањето на државна помош за фирмите, а помошта да оди директно кај работниците.

И од Агенцијата за вработување потврдија дека, од почетокот на пандемијата, бројот на невработени се зголемил за над 17 илјади лица. Дел од нив ќе бидат опфатени со оперативниот план, за кој денеска беа реобјавени огласите.

Приоритет за вклучување во програмите ќе имаат тие кои ја изгубиле работата за време на пандемијата. Реобјавени се огласите во програмите за самовработување, субвенционирање на плата, практикантство, обука на работно место и јавни работии. Но, времето на аплицирање е кратко и ќе трае само три дена, до петок.

Далиборка Демјанска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Стари рамки од прозорци, столови и друга покуќнина оставени пред влез на Рузвелтова, сопственикот е откриен и утре ќе добие казна

Дејан Дејан

Девет европски земји бараат од Европската комисија да ги олесни контролите на границите

Дејан Дејан

Америка ги интензивира нападите кон Иран

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе