Вести Македонија Топ вести

Извршниот одбор на СДСМ вечерва со помирувачки пораки – повикаа дијалогот да се води во партијата

По острите и навредливи зборови кои ги упатија деновиве за членовите на „Платформата:Разговори за иднината 12:05“ од СДСМ вчерва испратија помирувачка порака.

Извршниот одбор на партијата донел заклучок да ги повикаат на дијалог сите поединци и групи со кои аргументирано би разговарале за прашањата поврзани со СДСМ внатре во органите и телата на партијата, а да не се препукуваат преку медиуми. Според членовите на Извршниот одбор  вонпартиските иницијативи и платформи прават штета и ја уриваат партијата од внатре – во време кога партијата се престројува и се подготвува да се спротистави на деструктивната политика на владеачката партија.

„Извршниот одбор оцени дека секоја дебата којашто се однесува на СДСМ треба да се води во партијата, пред органите и телата а не надвор од неа. Во оваа насока Извршниот одбор на СДСМ донесе заклучок јавно да ги повика на дебата во партијата сите поединци или групи, да дебатираме тука за борбата против криминалната власт на Мицкоски.

Вратите на СДСМ се отворени за секој што и мисли добро и што споделува прогресивни вредности. Само низ дијалог и соочување на аргументите внатре во партијата може да се разговара, не преку медиуми, не преку вонпартиски иницијативи и платформи кои и прават штета и ја рушат партијата од внатре. Нашата заедничка цел е јасна – СДСМ се престројува и се подготвува за силна, бескомпромисна и организирана борба против погрешните социјални, економски и политички деструктивни политики на ВМРО, кои туркаат државата во изолација, а граѓаните во длабока сиромаштија“, се наведува во заклучоците кои вечерва ги усвоил Извршниот одбор на СДСМ.

Од партијата додаваат дека единството треба да биде насилното оружје и дека  нема простор за вештачки создадени поделби, дефокусирање или внатрешни сопнувања.

„ Разликите во размислувањата се наша предност, но целта ни е и треба да ни остане заедничка – Фронтот за вистина и правда“, пишува во заклучоците.

Во однос на актуелната ситауција во земјава,  ИО на СДСМ оценилдека  власта води погрешни економски и криминални политики, економската состојба во земјава е загрижувачка, животниот стандард на граѓаните е влошен, во Буџетот нема пари, а власта трупа нови долгови.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Повеќе од 200.000 лажни кондоми откриени во држави во и надвор од ЕУ

Kristina Kuzmanovski

Вечерва извршен одбор во СДСМ-ќе успее ли раководството да се консолидира или ќе се потврдат внатрешните разлики?

Kristina Kuzmanovski

Од 15 ти месецов нови промени на македонските патишта

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе