Вести Македонија

Пет лица лишени од слобода, осум насилници ги малтретирале своите жени и деца изминатото деноноќие

Вчера во 13:50 часот во Свети Николе, полициски службеници од ОВР Свети Николе го лишија од слобода Љ.Н.(53) од Свети Николе, по претходна пријава дека околу 12:00 часот во семејниот дом физички ги нападнал неговата 53-годишна сопруга и нивната ќерка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, соопшти МВР.

Истиот дела од слобода е лишен Ј.М. (42) од Куманово, по претходна пријава дека тој психички и физички ја малтретирал неговата сопруга, со која е во бракоразводна постапка. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.

На 07.07.2026 во 16:40 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода А.Д.(40) од Скопје, по претходна пријава дека во домот физички ја нападнал неговата 35-годишна сопруга. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 07.07.2026 во 10:35 часот во СВР Скопје 35-годишен маж пријави дека неговата поранешна вонбрачна партнерка А.Г.(33) психички го малтретирала нивниот малолетен син.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 07.07.2026 во ПС Гостивар, 41-годишна жена од гостиварско, пријави дека околу 18:00 часот во семејниот дом била физички нападната од нејзиниот сопруг А.М.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 07.07.2026 во 09:45 часот во Македонска Каменица, полициски службеници од Полициското одделение Македонска Каменица го лишија од слобода Ќ.С. (59), по претходна пријава дека во семејниот дом физички ја нападнал неговата 56-годишна сопруга. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 08.07.2026 во 00:55 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода Н.Б. (50) од Штип, по претходна пријава дека во семејниот дом физички ја нападнал неговата 43-годишна сопруга. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Во ОВР Кочани е пријавено дека 81-годишен маж од кочанско, подолг временски период бил физички и психички малтретиран од неговиот 57-годишен син С.Н., кој исто така го избркал од семејниот дом и противправно му ги држел неговите лични документи. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сиљановска-Давкова: Македонската држава останува посветен и кредибилен сојузник НАТО

Дејан Дејан

Почина професорот Денко Скаловски

Kristina Kuzmanovski

„Казна, а не олеснителни околности“ побара обвинителството за Татјана Димитровска – одбраната тврди дека се прави театар

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе