Инетрактивна дигитална мапа на Google е објавена и таа го покажува, но и го следи појавувањето и ширењето на Lagocephalus sceleratus или рибата позната како риба-зајак за која летово алармираат дека е во морето во Грција. Мапата ги прикажува областите каде што досега е идентификуван овој инвазивен и исклучително опасен вид.

Lagocephalus е широко распространет во тропските води на Индискиот и Тихиот Океан и во западниот Медитеран. Присутен е по должината на бреговите на Израел, јужна Турција и Кипар.
Во Грција, првпат е забележан на југоистокот од земјата, првенствено околу Родос, Крит и Додеканезите. Денес, присутен е речиси низ целото Егејско Море, како и во многу делови од Јонското Море.

Грција почна да поставува пловечки заштитни бариери по популарните плажи во регионот Евбеја, додека властите ги засилуваат напорите за подобрување на безбедноста на пливачите за време на прометната летна сезона.
Службениците се надеваат дека пловечките бариери ќе ги намалат средбите меѓу пливачите и овие морски опасности, а воедно ќе им овозможат на посетителите побезбедно да уживаат во морето за време на врвот на туристичката сезона.
