Од 15 месецов на патарините, лентите означени со MTAG ќе бидат наменети исклучиво за користење од страна на корисниците на електронски тагови, информираат од Јавното претпријатие за Државни патишта.
–Со наведената измена, вршењето на наплата со MCard на овие ленти се укинува. Корисниците кои користат MCard ќе ја реализираат наплатата на останатите достапни ленти на наплатната станица, согласно со нивната намена.
оттаму апелираат до корисниците на строго почитување на вертикалната и хоризонталната сигнализација, како и на информативните електронски табли поставени пред и на самите наплатни станици, каде е извршена јасна категоризација на лентите по вид на плаќање:
- електронска наплата (MTAG / MCARD)
- готовинско плаќање (CASH)
- зелена стрелка – означува активна (отворена) лента
- црвен икс (X) – означува затворена лента
