Вреќи со градежен шут, стари рамки од прозорци, столици и друга покуќнина се оставени пред влезот на улицата Рузвелтова во населбата Карпош.
Сликите на Фејсбук ги сподели градоначалникот на Скопје кој напиша дека е утврдено кој го оставил отпадот и дека утре ќе му биде изречена глоба согласно законските прописи.
Казнети се уште две други лица од Аеродром кои исто така се затекнати како нелегално фрлаат шут.
Отпадот вечерва ќе биде подигнат и однесен на соодветна депонија, а сопствениците ќе треба да приложат кантарска белешка како доказ до Град Скопје

Ѓорѓиевски порача дека инспекторите се 24 часа на терен и несоодветното скалдирање и фрлање на ѓубре ќе биде санкционирано.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
