Палестинските милитанти соопштија дека истрелале 130 ракети кон израелскиот град Тел Авив, откако предходно во израелски воздушен напад беа бомбардирани згради во појасот Газа. 13-катна зграда беше нападната час и половина откако жителите и локалното население беа предупредени да се евакуираат.
Израелската армија соопшти дека станува збор за одговор кон милитантите во Газа на претходните ракетни напади. Најмалку 30 лица загинаа во ова најтешко насилство во последните неколку години.
ОН итно се ангажира на намалување на тензиите меѓу Израел и Палестинците, а генералниот секретар Антонио Гутереш изрази жалење за големиот број жртви, меѓу кои има и деца, настрадани во израелските воздушни напади врз Газа и ракетните напади на Хамас врз Израел, изјави денеска претставникот на ОН, Стефан Дижарик.
„Израелските сили за безбедност мора да бидат максимално воздржани и мора да го прилагодат степенот на употреба на сила. Ракетирањето и гранатирањето на Хамас во населените области во Израел се неприфатливи”, рече Дижарик.
