Пронајдени се неидентификувани човечки трупови кои плутаат по реката Ганг кои испловија на во близина на местото Газипур во државата Итар Прадеш.
Телата се пронајдени само еден ден откако десетина тела во распаѓање беа пронајдени во реката близу Букар во државата Бихар.
Локалната власт вели дека се прават напори да се открие причината за смртта, но тоа не било возможно бидејќи телата биле во состојба на распаѓање.
Жителите пак се сомневаат починати од коронавирусот се фрлаат во вода, бидејќи во Индија има недостаток на дрва за кримирање, што е традиција во хиндуистичката религија.
До податоците дојдовме пред малку. Нашите луѓе се на местото и истражуваат, се обидуваме да откриеме од каде потекнуваат тие мртви тела? Како дошле до тука и колкав е нивниот број? Луѓето проверуваат за кратко ќе ве известиме, објаснува Мангла Прасад Синг, окружни судија за Газипур.
Информацијата е спорелена претходно со администрацијата дека поради недостатокот на дрва мртвите се погребуваат во вода. Телата од околу 12-13 села се погребани во вода, тврди Суриндер, локален жител на Газипур.
До денеска во Индија се регистрирани речиси 23 милиони заболени од Ковид – 19, а во последните 24 часа се регистрирани близу 330.000 нови слушаи. За едно деноноќие починаа нешто помалку од 4.000 луѓе, со што вкупниот број на починати се приближи до 250.000.
