Свет Топ вести

(видео)Човечки трупови пронајдени во индиската река Ганг, нема дрва за кремирање на починатите од Ковид

Пронајдени се неидентификувани човечки трупови кои плутаат по реката Ганг кои испловија на во близина на местото Газипур во државата Итар Прадеш.

Телата се пронајдени само еден ден откако десетина тела во распаѓање беа пронајдени во реката близу Букар во државата Бихар.

Локалната власт вели дека се прават напори да се открие причината за смртта, но тоа не било возможно бидејќи телата биле во состојба на распаѓање.

Жителите пак се сомневаат починати од коронавирусот се фрлаат во вода, бидејќи во Индија има недостаток на дрва за кримирање, што е традиција во хиндуистичката религија.

До податоците дојдовме пред малку. Нашите луѓе се на местото и истражуваат, се обидуваме да откриеме од каде потекнуваат тие мртви тела? Како дошле до тука и колкав е нивниот број? Луѓето проверуваат за кратко ќе ве известиме, објаснува Мангла Прасад Синг, окружни судија за Газипур.

 

Информацијата е спорелена претходно со администрацијата дека поради недостатокот на дрва мртвите се погребуваат во вода. Телата од околу 12-13 села се погребани во вода, тврди Суриндер, локален жител на Газипур.

До денеска во Индија се регистрирани речиси 23 милиони заболени од Ковид – 19, а во последните 24 часа  се регистрирани близу 330.000 нови слушаи. За едно деноноќие починаа нешто помалку од 4.000 луѓе, со што вкупниот број на починати се приближи до 250.000.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Осомничен е 26-годишен маж за убиство на поранешната британска министерка Видикомб

Tea Dimkovska

ВМРО-ДПМНЕ и Демократската партија на Турците потпишаа коалициски договор

Tea Dimkovska

Урсула фон дер Лајен ќе го донира пиштолот кој го доби од претседателот Ердоган на Самитот во Анкара

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе