Ирена Костовка од Охрид пред две седмици била примена на операција во скопската Клиника за гинекологија. 33-годишната пациентка почина вчера а членови на семејството велат дека причината за смртта е лекарска грешка. Последната борба за своето здравје ја водела на Клиниката за абдоминална хирургија од каде, според семејството, било констатирано дека се направени пропусти во операцијата за остранувањето на туморот во карлицата на ГАК.
Констатирано е дека при шиење на матката на 4 места е продупчено и сошиено тенкото црево што довело до контаминација на организмот со фекалии и труење! Последниот обид на д-р Огњановиќ да направи интервенција е на 06.05.2021, тенкото црево е скратено и санирани се загноените рани, ставено е дрен за да може организмот да ја исфрли непотребната течност, велат од семејството.
Костовка со години води борба во туморот. За болеста биле запознаени лекарите кои претходно и ја извадиле слезината. Првиот човек на гинекологија Викторија Јовановска, лично ја водела операцијата за остранување на огромен тумор во мала карлица. Сомнеж за смртта е белодробна тромбоемболија, а не лекарска грешка објаснува Јовановска за Телма телевизија.
“Станува збор за абдоминален тумор, односно тумор во мала карлица. Жена со претходен коморбидитет, која што имала хроничен грануламатозен спленит, односно отстранета и е слезината и лимфните јазли. Значи имала хронично нарушување и навистина, го чекаме и хистопатолошкиот наод да видиме. Изваден е туморот, после тоа заради компликации, оперирана е и по втор пат, но не станува збор за пресечени, туку за спонтани перфорации на црева. Кои што не знаеме заради која причина се и заради тоа жената ја земаа на абдоминална хирургија” – вели Јовановска.
За случајот е алармирно и министерството откако семејството на Костовска јавно, преку социјлните мрежи, побара одговорност и ревизија на постапката направена на ГАК.
Додека инспекторот ќе проверува дали лекарите ја почитувале постапката, дел од вистината за случајот Костовка ќе остане непознат. Иако доктор Јовановска инсистирала, семејството одбило да се изврши обдукција врз Костовска, бидејќи тоа е единствената постапка која може да ги открие точните причини за смртта, но и постапка со која семејството ќе може да продолжи на суд. Ваквите случаи не секогаш се разјаснати бидејќи семејствата одбиваат да се согласат на обдукција на телата на своите блиски.
Павле Беловски