Македонија Топ вести

Рашковски двапати по ред ја избрал Инвока за одржување на електронскиот систем за  државни испити во 13 институции

Корона мерките, но и скандалот со Рашковски и Инвока ги одложија тестирањата на кандидатите за нова генерација на Академијата за судии и обвинители. Покрај забраната за групни настани, Академијата сега ќе бара и решение во ургентна постапка поради виша сила затоа што Инвока груп, фирмата која го одржувала нивниот систем за тестирање е вмешана во скандалот со Рашковски.

Од вчера попладне Рашковски и управителот на Инвока Даниел Станчев се во притвор во Шутка, ама нивните потписи стојат заедно и на договорот од 12-ти август лани, кога го парафирале договорот за одржување на електронскиот систем за  државни испити во 13 институции. Договорот е во висина од околу 150 илјади евра за две години, а потпишан е само 18 дена пред изборот на вториот кабинет на Заев. Преку него се обезбедува системско одржување за државни тестирања за лиценци во 6 министерства, меѓу кои МВР и правда), во Катастарот, во Инспекцискиот совет односно во сите државни инспекторати, во Царината, во Комисијата за хартии од вредност, во две агенции за супервизија и во Академијата за судии и обвинители. За сите нив Рашковски пред да замине им обезбедил одржување на системите за лиценци иако имало институции кои и не го барале тоа.

Ова е втора таква зделка со Инвока што значи дека од 2018-та наваму, контроверзната фирма опфатена сега со истрага била платена да се се грижи за успешно компјутерско тестирање на кандидати за судии, обвинители, инспектори, супервизори, за носители на лиценци за контрола, па дури и за дозволи за поседување на оружје. Академијата за судии и обвинители е една од тие институции, а директорката Наташа Габер Дамјановска ни потврди дека деновиве поради истрагата и притворот како виша сила ќе побара итна набавка за да се избере наследник на спорната Инвока.

Инвока се грижела за хостингот и за изборот на прашањата за кандидати за судии и обвинители, а тестовите се составувале од прашања кои веќе се подготвени и се во база на поадтоци во владата. Океанот од прашања е многу поголем од бројот на прашања за тестирање, а софвтерски се правел избор на определен процент прашања од определена судсиско-правна област, ни објасни Габер. Не знаеше дали е можно да се правело малверзации со претходните тестови, бидејќи нема стручни информатички познавања.

Поради истрагата но и поради мерките, изборот на нови 97 кандидати ќе се оддолжи, ни рече Габер.

Од обвинителството за организиран криминал и корупција ни рекоа дека од Инвока се одземени само компјутери кои се на вечтачење, додека софтверот за тестирања не го заплениле за да не ги попречат државните тестирања.

Во меѓувреме, весникот Фокус пак објави дека Рашковски во повторен тендер со исфрлени критериуми за погодност на набавувачите, исто во август лани склучил договор со новоформиран концерн со кои државата плаќа милијарда денари односно 16,2 милиони евра за софтверски лиценци за државната администрација.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Инаугурацијата на Силјановска Давковка во Собранието ќе се одржи утре напладне

Дејан Дејан

Мицотакис кажа дека изјавите на функционерите на ВМРО-ДПМНЕ кои победија на изборите се следат со загриженост

Дејан Дејан

Борба за „пратеник-плус“ и вкупно 27 приговори за изборите поднесени до ДИК – роковите течат, набрзо ќе се одлучува

Desk

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе