Свет

Се урна мал авион близу Париз, четири лица загинаа

Четири лица загинаа откако попладнево се урна мал авион источно од Париз, јавија локалните медиуми.

Авионот, еднокрилец „Робин ДР400“, бил пронајден околу 14:00 часот во поле близу комуната Сент Патуис.

Почната е судска истрага за утврдување на околностите околу инцидентот.

„Робин ДР400“ е дрвен спортски моноплан кој првпат полета во 1972 година, но продолжува да се произведува. Има шасија со три тркала и може да носи четири лица. Моделот се смета за релативно лесен за пилотирање. Исто така е многу тивот при лет благодарение на неговата дрвена рамка.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Осомничен е 26-годишен маж за убиство на поранешната британска министерка Видикомб

Tea Dimkovska

Урсула фон дер Лајен ќе го донира пиштолот кој го доби од претседателот Ердоган на Самитот во Анкара

Tea Dimkovska

ЕУ ѝ одобри пристап на Унгарија до блокираните 10 милијарди евра – 6,5 милијарди евра грантови и 3,5 милијарди евра заеми

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе