Свет Топ вести

Русите осомничените за труењето на Скрипаљ „поврзани со експлозија во Чешка“

Двајца руски државјани, обвинети за труење на Сергеј Скрипаљ во 2018 година во градот Солсбери во Велика Британија, се поврзани со експлозијата во магацинот за оружје во Чешка, четири години претходно, дознава Би-Би-Си.

Чешката полиција објави фотографии на Александар Петров и Руслан Боширов, за кои се тврди дека биле во земјата за време на експлозијата кога загинаа две лица.

Чешка протера 18 руски дипломати под сомнение дека офицери на руската служба ГРУ биле вмешани во експлозијата на магацин за муниција во Врбјетице во Чешка есента 2014 година, кога загинаа две лица.

Прага знае какви ќе бидат последиците по протерувањето на дипломатите од Чешка, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, која ваквите потези на официјална Прага ги нарече трикови.

Премиерот на Чешка, Андреј Бабиш, рече дека државата мора да реагира на откритијата што ја поврзуваат експлозијата со руската разузнавачка служба ГРУ. Синоќа Бабиш рече дека е утврдено дека 18 руски дипломати во Чешка работат за руските разузнавачки служби и дека имаат 48 часа да ја напуштат земјата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Осомничен е 26-годишен маж за убиство на поранешната британска министерка Видикомб

Tea Dimkovska

ВМРО-ДПМНЕ и Демократската партија на Турците потпишаа коалициски договор

Tea Dimkovska

Урсула фон дер Лајен ќе го донира пиштолот кој го доби од претседателот Ердоган на Самитот во Анкара

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе