Култура

Секторот за финансиска инспекција не постапува додека Финансиската полиција чешла дел од трансакциите во Министерството за култура

Сеуште не е започната ревизијата на неисплатените проекти од минатата го дина во Министерството за култура. Од Секторот за финансиска инспекција при Министерството за финансии, кој е задолжен од Владата да изврши контрола на неисплатените проекти, велат дека ќе постапат согласно Законот за финансиска инспекција откако ќе заврши започнатата истрага од Финансиската полиција.

Секторот е во комуникација со Финансиската полиција околу преземање на дејствија, имајќи ја предвид одредбата од Законот, согласно која, во случај на започнување истражна постапка од надлежен орган во субјектот на инспекцијата, финансискиот инспектор престанува со преземање на какви било дејствија со кои може да ја попречи истрагата, соопштуваат од финансии.

Од вчера Финансиската полиција врши увид на сите трансакции во Министерството за култура од последниве години, по индиции за злоупотреби нотирани во ревизорските извештаи од 2018 и 2019 година.

Нашите служби земаа дел од потребните материјали со што започна размената на податоци. Колку ќе трае целата истрага е неблагодарно да се каже зашто се работи за многу апликанти, вели директорот на финансиската полиција Арафат Муареми.

Доколку бидат утврдени незаконски дејства , предметот ќе биде даден во Јавното обвинителство на понатамошно постапување.

Во врска со најавената ревизија на ланските неисплатени проекти на Министерството за култура, реагираа културни работници и музичари од џез сцената. Според нив, одлуката да се врши ревизија е за поздрав и очекуваат дека ќе има евалуација, но сметаат дека најавата од ресорот Култура дека нема да се исплаќаат сретства додека траат контролите, не е добра одлука во овој период од годината кога се затвораат реализираните проекти од 2020. Тоа ќе се одрази врз егзистенцијата на слободните уметници и ќе ги претстави организациите како неодговорни пред  партнерите, децидни се од независната сцена.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Борба на највозвишеното и најниското во човекот, на отворањето на „Мајските оперски вечери“

Дејан Дејан

Диана Добрева: Културата е патот преку кој Бугарија и Македонија можат да се сплотат

Дејан Дејан

Бојаџиевска: Дубравка Угрешиќ не можеше да ја поднесе бруталната комерцијализација на уметноста

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе