Македонија

Рашковски примен на Инфективна, позитивен на Ковид 19

Генералниот секретар на Владата Драги Рашковски е позитивен на Ковид 19 и e хоспитализиран на Инфективната клиника а неговата состојба е стабилна, потврдија од Министерството за здраваство за Телма. Преку смс пораки, Телма контактираше со Рашковски кој потврди дека е позитивен и дека е во добра состојба. Тој учествувал на вчерашната он лајн седница на Владата.

Завршени се епидемиолошките анкети на министерот за внатрешни Оливер Спасовски и само еден член од семејството ќе оди во самоизолација. Другите кои изминатиов период имале контакт со Спасовски, епидемиолозите оцениле дека нема висок ризик да се заразат.

-Од епидемиолошката анкета со министерот Спасовски, оценето е дека само за едно лице постои ризик од среден, односно од висок степен на загрозеност, изјави Ирина Бухова, директор на Државниот здравствен и санитарен инспекторат.

Спасовски викендот беше присутен на дигиталниот партиски конгрес на СДСМ, а два дена подоцна објави дека е позитивен на вирусот.

Превентивно целото крило каде се наоѓа канцеларијата на Спасовски на првиот кат во глвната зграда на МВР во моментот е празно бидејќи сите вработени се во домашна изолација.

Во моментот во МВР има 137 позитивни на корона вирусот. Бројката заразени полицајци е за 4 ца поголема од претходниот ден. Уште 209 полицајци и вработени во МВР се во самоизолација поради контакт со заразено лице.

Пред шест дена дена во четвртокот МВР имаше заведено 110 позитивни припадници. Денеска бројката е поголема за 27, односно за помалку од една недела бројот на активни случаи во МВР се зголемил за 24,5%.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе